За Нас

Конфекционирање на хартија и производство на хартиена амбалажа

Биг Пакинг ДОО е основана 2008 година во Скопје и се занимава со производство и преработка на хартиена амбалажа од 100% рециклирана хартија. Преку долгогодишното искуство, вложување во опрема и постојана едукација на својте вработени, Биг Пакинг денес претставува респектабилен производител на хартиена амбалажа и сигурен бизнис партнер на просторот во Македонија и пошироко.

Благодарение на професионалната работа, знаење и искуство, со користење на најсовремени информациски технологии од областа на графичка припрема и штампа, Биг Пакинг овозможува брза реализација на вашите барања и висок квалитет на финалниот производ.

Нашата професионална услуга, контрола на квалитетот и најдобрите цени ги препознаа голем број успешни компании во Македонија и соседните држави.